Во СВР Тетово вчера е пријавено дека Ј.Р.(77) од Тетово паднал во водоводна шахта со вода во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски“ во Тетово и починал.
-Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на Ј.Р. предадено му е на семејството, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.