четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовка ја пријавила снаата во полиција, била физички нападната

Тетовка ја пријавила снаата во полиција, била физички нападната

Седумдесет и тригодишна жителка на тетовско село вчера во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37 годишнаа снаа, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пријавената по извесно време била повикана во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.