четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Тигрите“ во акција, уапсен штипјанец осуден на 12 години затвор

„Тигрите“ во акција, уапсен штипјанец осуден на 12 години затвор

Полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” вчера околу 19.30 часот го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип на улицата „Черења“ во градот.

-Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца, информира МВР.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.