недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџери се тепале вчера на концертот на Теа Таировиќ вo Битола, полицијата со полни раце работа

Тинејџери се тепале вчера на концертот на Теа Таировиќ вo Битола, полицијата со полни раце работа

Тешка физичка пресметка синоќа на ракометното игралиште во Битола додека настапувала српската турбо фолк ѕвезда Теа Таировиќ. Според првичните информации, две групи се пресметале со ножеви.

Главно малолетници биле актерите меѓу кои дошла пресметка во која бил употребен и остар предмет. Малолетници се префрлени во Клиничкиот центар во Битола, а едно лице итно е префрлено на скопските клиники.

СВР Битола соопшти дека полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициската станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.