четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџери запалиле излог на угостителски објект

Тинејџери запалиле излог на угостителски објект

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од Скопје и 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“.

На 28.08.2023 на ул.„Градиште“ во Скопје, пријавените со запалива течност предизивкале пожар на излог на угостителски објект, сопственост на Ќ.И.(35) од Скопје.