вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер од Скопје лишил од слобода Италијанка, ја држел заклучена во стан во Охрид

Тинејџер од Скопје лишил од слобода Италијанка, ја држел заклучена во стан во Охрид

Во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија, информира МВР.

Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид, информираат од полициата.

За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.