Во близина на влезот за с.Тркање, кочанско, вчера во 21.45 часот, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од с.Тркање.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.