На 26.03.2022 околу 16:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп возило удрило во велосипед управуван од Д.С.(19) од Прилеп.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Д.С., констатирани во Општата болница Прилеп.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.