понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија на Водици: Воз усмрти маж кај Миравци

Трагедија на Водици: Воз усмрти маж кај Миравци

Маж го загуби животот вчера околу пладне откако воз удрил во него.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на пругата кај железничка станица Миравци, поточно на влезниот сигнал на железничка станица Миравци, во момент кога товарен воз управуван од З.Г. (55) од Скопје кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце удрил во С.Г. (64) од с.Миравци.

– Од здобиените повреди при ударот, С.Г. починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 15:30 часот, по што бил нормализиран. Се работи на целосно расчистување на случајот.