Во Полициската станица Драчево, вчера во 16.20 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 11.30 часот кај нив Р.И. (27) од село Батинци, скопско, пријавил дека во неговиот дом починало неговото новороденче, старо неколку дена.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.