среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две лица загинаа, вдишале отровен гас – познати нивните идентитети

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две лица загинаа, вдишале отровен гас – познати нивните идентитети

Двајца луѓе загинале доцна попладнево во близина на Битола, кога вдишале отровен гас во моментот кога сакале да наполнат минерална вода на извор, пренесе Слободен печат.

Претходно, Центарот за управување со кризи испрати конфузно соопштение во кое пишуваше дека интервернирала противпожарната единица со противпожарно возило и петмина пожарникари, кај ресторанот „Кисела Вода“, кој се наоѓа на неколку километри од градот.

„До овој момент има пријавено дека има две човечки жртви“, наведоа од РЦУК.

Инцидентот на изворот на минерална вода во близина на градот го потврди МВР.

„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати лица“, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител.

„Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција“, порачаа од МВР.