Шеесет и две годишниот М.Б. од село Мокрино го загуби животот откако тракторот со кој работел на нива се превртел.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен вчера вечерта, а мажот починал на лице место од добиените повреди.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Струмица.