На 23.03.2021 во 08.05 часот во Полициска станица Гази Баба од Итната медициска помош е пријавено дека во куќа на ул.„Зендел Џемаил“ има починато бебе.
Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, при што било констатирано дека станува збор за починато двомесечно бебе, од малолетна мајка од Скопје.
Од лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на бебето е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.