четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Скопје: Жена пронајдена почината по пожар во куќа

Трагедија во Скопје: Жена пронајдена почината по пожар во куќа
фото илустрација

Скопјанка е пронајден почината во куќа во Скопје откако во неа избувнал пожар.

Од полицијата информираат дека случајот бил пријавен вчера во 20.40 часот.

-Настанал пожар во куќа на ул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, пожарот бил изгаснат, а во куќата била пронајдена почината С.Ч.(75) од Скопје. Смрт констатирал лекар, увид бил извршен од полициски службеници од СВР Скопје, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.