ОВР Виница расчисти шест кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на 2020 година од куќи во „Ромското маало“ во Виница.
По преземени мерки и активности било дојдено до сознанија дека лицата О.И.(29), И.А.(35) и А.И.(19), тројцата од Виница, со употреба на сила влегувале во куќите и одземале различни предмети.
Осомничените биле повикани во Полициска станица Виница и во службен разговор ги признале делата. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.