четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица се осомничени за тројното убиство во Дебар, еве ги деталите

Три лица се осомничени за тројното убиство во Дебар, еве ги деталите

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

Според соопштението на ОЈО, првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица. Ваквиот предлог беше прифатен и судијата на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува ОЈО.

Истражната постапка продолжува во насока на целосно расветлување на овој настан и обезбедување материјални докази.​ (МИА)