четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

Тројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот, па за време на важечкиот полициски час биле затекнати како се движат без дозвола на различни локации во градот.

За сите нив надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​