На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.
Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.