Министерството за внатрешни работи информира дека на 04.11.2022 во 20.25 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.С.(22) од с.Требош, тетовско, бидејќи при негов и при преглед на патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.