среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 50 годишен маж – управувал автомобил без возачка дозвола

Уапсен 50 годишен маж – управувал автомобил без возачка дозвола

На 14.12.2021 во 10.05 часот во с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50) од Штип.

При преглед и извршена контрола било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“, со штипски регистарски ознаки, со фалсификувана возачка дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.