Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера попладне го лишиле од слобода 71-годишниот гостиварец Х.М. кој околу 14 часот пред семејната куќа во Гостивар физички го нападнал 64-годишниот А.М.
Според пријавеното, во нападот Х.М. користел и остри предмети со кои го повредил А.М.
Се расчистува и документира случајот.