66-годишник од гостиварско село вчера бил лишен од слобода во СВР Тетово, информира портпаролот на Секторот Марјан Јосифоски.
Лицето е уапсено поради основано сомнение за обид за обљуба врз малолетничка од истото село. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.