Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Куманово синоќа во 02:15 часот.
Како што информира МВР, А.Ј. физички ги нападнал неговата 24-годишна сопруга и нејзината 50-годишна мајка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.