На 21.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Б.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко, со престојувалиште во с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.
-По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.