На 31.12.2019 во 21:25 часот на ул.„Минела Бабуковски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(29) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
При претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени пиштол „црвена застава 99“, кал.9мм и една рамка со 15 куршуми за истиот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.