Полициски службеници вчера вечерта го уапсиле 24 годишниот И.Т. од Скопје.
Како што информира МВР лицето е приведено врз основа на судска наредба за истрага со определена мерка притвор во траење од 30 дена, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ по член 322-а став 3 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправна установа.