На 29.07.2020 околу 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на угостителски објект на ул.„Славе Ѓорѓиевски-Шнајдерот“ во Скопје го лишиле од слобода А.А.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава на М.Н.(64) од Скопје дека А.А. се обидел да одземе повеќе предмети.
-Според пријавеното, М.Н. Б.Н. се обиделе да го спречат во намерата, по што пријавениот физички ја нападнал Б.Н. и се обидел да избега, но бил спречен, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.