На 05.03.2020 околу 13:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 73-годишниот гостиварец Н.Н., кој претходно во гостиварската болница вербално се расправал и им се заканувал на вработените.
Нешто подоцна, во неговиот дом биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол и седум куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.