На 13.12.2019 во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода С.Ј. од с. Чешиново поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ преку објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза.
На 14.12.2019 за истото кривично дело е приведен и Д.А. (36) од с. Облешево. По документирање на случаите ќе следат содветни поднесоци до надлежното обвинителство, информираат од МВР.