петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валенсија ги осуди расистички навреди на своите навивачи упатени кон Винисиус

Валенсија излезе со соопштение во врска со расистичките навреди кон Винисиус Жуниор на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

– Ги осудуваме сите навреди и напади во фудбалот. Клубот е цврсто посветен на вредностите на почит и спортски дух и го повторува својот став против физичкото и вербалното насилство на стадионите. Тажни сме поради настаните што се случија на натпреварот. Иако ова е посебна епизода, навредите упатени кон секој противнички играч се несоодветни во фудбалот и не се во согласност со вредностите на Валенсија. Клубот го истражува инцидентот и ќе преземе најстроги мерки против одговорните. Исто така ги осудуваме сите навреди и кон нашите навивачи и бараме максимална почит кон нив.

И покрај тоа што најостро ги осудуваме овие изолирани инциденти, Валенсија им е благодарна на над 46.000 навивачи присутни за поддршката на тимот“, се вели во соопштението на клубот.

За време на средбата, Винисиус имаше конфликт со навивачите на Валенсија. Играчот неколку пати го беше изложен на расистичките навреди од трибините.