среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен жител на струмичко Банско, при претрес на домот му била пронајдена марихуана

Уапсен жител на струмичко Банско, при претрес на домот му била пронајдена марихуана

Денеска (17.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Х.М.(21) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот бил известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.