четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени четири крадци од Куманово, се сомничат за 11 кражби

Уапсени четири крадци од Куманово, се сомничат за 11 кражби

Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти.

Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.