петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени две лица во Охрид, при претрес им била пронајдена марихуана

Уапсени две лица во Охрид, при претрес им била пронајдена марихуана

На 08.08.2023 во 14.30 часот кај место викано „Лабино“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.И.(21) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден, на плажа на брегот на Охридското Езеро бил приведен М.Б.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.