На 10.10.2022 во 17.30 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.К.(48), Е.Е.(39) и Н.К.(20), сите од Скопје, затоа што околу 16.30 часот на бул.„Гоце Делчев“, по расправија, со пиштол му се заканиле на И.М.(38) од с.Сингелиќ, скопско.
По преземени мерки пиштолот бил пронајден, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.