Семејна драма утрово завршила трагично во Кочани.
Според неофицијалните информации на Сител, по расправијата која настанала помеѓу сопружници, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.
Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница, јавува Сител.