На 18.04.2020 околу 19.00 часот во Секторот за внатрешни работи во Куманово,од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож.
По пријавувањето на настанот,увид на лице место извршил Јавен обвинител и увиднаекипана СВР Куманово и констатирано е дека околу 18,00 часот во с.Липково Б.С (43) од с.Липково, по претходна вербална расправија ,физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С (43) од с.Липково, по што Ј.С починал.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.