На 25.08.2018 година, околу 17.15 часот на регионален пат Куманово – Скопје, на излез од село Никуштак, непознато патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во велосипед управуван од М.А.(59) од село Никуштак, Липково.
По незгодата возачот го напуштил местото на настанот, додека М.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во болница Куманово е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.