петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Украдени пари од црква од кумановското село Лопате

Украдени пари од црква од кумановското село Лопате

Од црква во кумановското село Лопате биле украдени пари, соопштија денеска полицијата.

Случајот во кумановската полиција бил пријавен утрово.

– Денеска во 08:06 часот во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на подесен предмет било влезено во црква во село Лопате, кумановско и биле одземени пари, соопштиха од полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и презема мерки зa расчистување на случајот.