На 04.06.2023 во 22.50 часот кај крстосницата за селата Требош и Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Групчин го лишиле од слобода С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино.
При преглед во неговото возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени канти со гориво, за кое изјавил дека го украл од товарно возило паркирано на улица „Благоја Тоска“ во Тетово.
Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.