Граѓани од населба Лисиче ја контактираа редакцијата на КУРИР барајќи информација зошто една од улиците во населбата е обележана со полициски ленти. Се сомневаа дека станува збор за некоја голема несреќа, но од МВР објаснија што се случило.
„Утрово во 09:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митре Влаот“ товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки удрило во бандера.
Нема повредени лица. Причинета била материјална штета и поради оштетување на бандерата, a заради безбедност на граѓаните, местото било обезбедено и обележано со полициска лента“ – велат од МВР во изјава за КУРИР.