Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ш.М. (52) од Стар Дојран, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
На 20.06.2021 на место викано „Стара Мрдаја“ пријавениот бил затекнат со чамец во водите на Дојранското Езеро, во кој имало уловена риба со вкупна тежина од 49 килограми.