понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Условни казни за седуммина обвинети за настаните пред Собранието

Условни казни за седуммина обвинети за настаните пред Собранието

Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд.

На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години.

Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Обвинетите се товарат и дека повредиле полицајци.

За обвинетиот кој не призна вина, Судот ја издвои постапката и случајот ќе продолжи. (МИА)