Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(38) од с.Смиланци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 16.01.2021 во близина на црква „Св.Петар и Павле“ во с.Ратево, на имотот на В.Р., пријавениот свесно ја запалил новоизградената куќа во која живеел, паркираната земјоделска механизација, други помошни објекти и куќи.