Дваесет и шест годишна жителка на тетовско село, вчера пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот сопруг И.И.(28).
Според пријавата сопругот подолго време психички и физички ја малтретирал, а пријавила и дека ја принудувал на сексуални односи со други лица од различни места од полошкото подрачје.
И.И. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка.