четврток, 21. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Вечерва групна тепачка во Велес, има и повредени

Вечерва групна тепачка во Велес, има и повредени

Вистинска драма се одвивала вечерва на улицата „Маца Овчарова“ во Велес. Некаде после 19 часот од засега непознати причини настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица на местото на кое главно е населено население од ромска националност.

-Според нашите информации има и повредени учесници во тепачката. Над 5 лица се повредени. Интервенирала и Брзата помош. Благодарение на брзата интервенција на полицајците од СВР Велес ситуацијате сега е смирена, пренесе порталот ВЕЛЕС ДЕНЕС.

Повеќе детали се очекува од СВР Велес во утрешниот билтен.