Ја информирам јавноста дека денеска 7.6.2020 на подрчјето на ПС ОН Бит Пазар од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19, пишува во својата објава Чулев.