сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанец измамен за огревни дрва

Велешанец измамен за огревни дрва

Т.К.(67) вчера во Полициската станица во Велес пријавил дека истиот ден околу 14 часот во неговиот дом на улицата „Никола Оровчанец“ дошло непознато лице кое се претставило дека бил од село Бузалково и му понудило на продажба огревно дрво по цена од 2.300 денари за метар кубен.

Пријавителот се согласил и потоа заедно отишле кон местото каде требало да ги земе дрвата. Лицето му рекло да почека да дојде камионот со дрва, а тој ќе одел да донесел испратница. Тогаш лицето се вратило во неговиот дом и на неговата сопруга и рекол да му даде 4.700 денари за дрвата што требало да им бидат доставени и откако ги зел парите заминал.

Оштетениот почекал околу еден час по што се вратил во неговиот дом и кога сопругата му кажала што се случило разбрале дека биле измамени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.