К.П. (25) од Велес вчера во 19:50 часот во СВР Велес пријавила дека, на 29 ноември околу 18:30 часот во нивната семејна куќа физички била нападната од најзиниот невенчан сопруг 42-годишниот Д.А., при што и биле нанесени видливи телесни повреди.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава. (МИА)