четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ВИДЕО: Пламените јазици брзо се шират- „беснее“ пожарот на Скопска Црна Гора

ВИДЕО: Пламените јазици брзо се шират- „беснее“ пожарот на Скопска Црна Гора

Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Како што јавува репортерот на ТВ21, моментално зафатена е поголема површина од страната на Куманово, кај местот викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој.

Гори ниска мешана шума и бор, а Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.

Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување поради зачестените полски и шумски пожари апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Пламените јазици брзо се шират – голем пожар на Скопска Црна Гора

Пламените јазици брзо се шират – голем пожар на Скопска Црна Гора

Gepostet von TV21 am Montag, 18. März 2019