Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во времето од 06,00 до 24,00 часот на подрачјето на Скопје санкционира пет возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се и 48 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на ноќеска во времето од 22,00 до 04,00 часот утрово спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи, а откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 10 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.
Исто така Одделението за безбедност на патниот сообраќај вчераво времето од 11,00 до 22,00 часот санкционира и пет возачи на мотори, а откриени се 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.